Израелската армија ги повлече сите копнени трупи од јужниот дел на Појасот Газа, освен бригадата Нахал, соопшти денеска армискиот портпарол.
Бригадата Нахал е одговорна за чување на коридорот Некарим, кој израелската армија го користи за изведување рации во северниот и централниот дел на Газа, и кој ги спречува Палестинците да се вратат во северниот дел на Појасот.
Коридорот го користат и хуманитарните организации кои се обидуваат да достават помош во северниот дел на Газа. Од почетокот на копнената офанзива против членовите на палестинската милитантна група Хамас, 260 израелски војници загинаа во Појасот Газа, пренесува Ројтерс.
Повеќе од 33.000 Палестинци, од кои многу се деца, се убиени во Појасот Газа од почетокот на војната на 7 октомври.