Измислица ли се жалбите од бегалците?

Од:

Дојче веле на бугарски јазик

Бугарија добила 300 милиони евра за заштита на надворешните граници на ЕУ, но и едвај пет милиони евра за интеграција на бегалците, се жали официјална Софија. Дали тоа може да послужи како оправдување за условите во бегалските центри?

Списанието Шпигел објави опширна сторија за судбината на младата сириска двојка Нурхан Мохамед и Руни Наџ Хамо. Слично на илјади други свои сонародници кои бегаат од војната во Сирија, и тие стигнале до ЕУ преминувајќи ја турско-бугарската граница.

Пред репортерите на Шпигл Нурхан ги опишува своите преживувања во бегалски камп крај Елхово. Условите таму биле катастрофални, полоши отколку во затвор. Зградата во која биле сместени била преполна, па затоа голем дел од оние кои побарале засолниште таму биле принудени да спијат во шатори. Од цевките за затоплување течат нечистотии, ходнниците мирисале на урина, децата плачеле од глад. Нурхан раскажува и нешто друго: дека во тоа време била бремена, но немала можност да оди на лекарски преглед затоа што локалното обезбедување и забранило да го напушта кампот.

„Попрво би умрела отколку да се вратам во Бугарија“

Понатаму, германското списание обрнува внимание на фактот што голем дел од бегалците кои стигнале во Бугарија, воопшто не успеваат да добијат место во центрите за сместување – многу мигранти од африканските држави биле принудени да живеат на улица. Во репортажата на Шпигел се раскажува за една ситуација во предградијата на Софија, саркастично од бегалците наречена Риц. Подот таму е покриен со пилевина, а труп од мртво куче наоколу ја шири смрдеата. Бегалците ја користат бараката како спална преку вечер. „Кој спие во Риц, одамна се простил од човечкото достоинство“, вели еден бегалец од Уганда. Се претпоставува дека во овој момент во Софија има неколку стотини бегалци кои се принудени да живеат на улица.

По неколкумесечен престој, Нурхан Мохамед и сопругата Руни Хаџ Хамо биле пуштени од кампот, а бугарските власти им дале статус на бегалци. Но за разлика од Германија, каде признатите бегалци добиваат финансиска помош од државата, во Бугарија ретко може да се добие таква поддршка. Така семејната двојка практично се нашла на улица – без пари, без да знаат бугарски јазик, без изгледи да најдат работа. Во следните две недели тие преживувале од парите кои им ги испраќале сириски роднини, а потоа решиле да тргнат кон Германија. Успеале да го издржат тој пат, но сега Германија сака да ги врати назад во Бугарија, затоа што имено влегле во ЕУ преку таа држава. „Попрво би умрел отколку да се вратам во Бугарија“, рече Нурхан Мохамед.

Бугарија е видливо обремента да се грижи за кандидатите за политички азил, посочува понатаму Шпигел и цитира критики на организацијата на заштита на човековите права Хјуман рајтс воч, според која земјата не успеала да ги исполни дури и најминималните меѓународни стандарди. Друга слична организација, Про Азил, од своја страна предупредува дека бегалците кои заглавиле во Бугарија често стануваат предмет на малтретирања и понижувања, а Врховниот комесаријат за бегалци при ОН ја опишува состојбата на мигрантите во граничните реони на Бугарија и Турција како „крајно вознемирувачка“.

Од комесаријатот исто така критикуваат дека на бугарско-турската граница често имало случаи на насилн враќања на луѓе назад кон турска територија. Списанието Шпигел ги пренесува зборовите на директорот на полицијата во Елхово, Георги Калајџиев, кој негира дека имало такви дејства. Жалбите од бегалците тој ги нарекјува „измислици“ и вели дека граничната линија кон Турција има единствено за цел да ја гарантира безбедноста: „Ние ја штитиме Европа од криминални престапници“, додава Калајџиев.

Како да се вратив во сириската војна

Истовремено еден сириски бегалец расажува дека бугарски граничари ги нас`скале кучњата против него, по што дури и пукале: „Се чувствував како да се вратив во сириската војна“, рекол тој. Негов пријател пак тврди дека бил ограбен и тепан од бугарски полицајци. Двајцата бегалци не можат да ги докажат своите обвинувања, но опишувањата им се совпаѓаат со она кое го пишуваат во извештаите и Хјуман рајтс воч и Про Азил. Заради сето тоа, организации кои им помагаат на бегалците апелираат кон германската влада да сопре со враќањето на бегалци во Бугарија, а портпаролката на Зелените во Буднестагот, Луизе Амтсберг, изјави дека Германија не треба да и ја префрли на Бугарија својата одговорност кон луѓето кои бараат азил.

Фракфуртер алгемајне цајтунг од своја страна одбележува дека Бугарија се чувствува запоставена од ЕУ. Според изаднието, владата во Софија се плаши дека драмата со бегалците кои се удавија во Средоземното море може да ги пренасочи интересите на медиумите и на европската агенција Фронтекс само кон тој регион, за сметка на други важни гранични премини, како на пример тој помеѓу Бугарија и Турција. Германското издание во таа смисла го цитира министерот Бочваров, според кој Бугарија има потреба од позасилено присуство на Фронтекс со повеќе гранични патроли, како и со техника која е неопходна за поголема безбедност на надворешната граница.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција го отвора преминот Јајладаги за безбедно враќање на сириските мигранти

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски

УНХЦР: Во 2022 година 100 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови