Излезни анкети: „Романскиот Трамп“ убедливо води на претседателските избори

Од:

Романскиот кандидат на крајната десница, Георг Симион, води по првиот круг од претседателските избори.

Симион води со 35 проценти поддршка, а по него следува кандидатот на центристите Крин Антонеску со 22 проценти, покажа излезната анкета. Друга излезна анкета, исто така, го стави Симион на прво место со 33,1 процент, додека центристите Антонеску и Никушор Дан беа изедначени на второто место со околу 20 проценти.

Георг Симион е лидер на крајно десничарската партија Алијанса за унијата на Романците (AUR), политичка опција која во последниве години се појави како најгласен противник на естаблишментот во Романија.

Симион се позиционираше како глас на „обичните луѓе“ и остро ги критикува политичките елити, бирократијата на ЕУ, миграциската политика и ЛГБТК+ правата. Поради неговата сличност и поддршка за американскиот претседател Доналд Трамп, тој е наречен и „романскиот Трамп“. Неговата партија AUR често користи традиционални и религиозни пораки и наоѓа поддршка кај конзервативниот дел од населението, особено во руралните средини.

Во европските медиуми, тој често е споредуван со други десничарски популисти како што се Виктор Орбан и Џорџа Мелони, додека неговите домашни противници го обвинуваат за ширење теории на заговор, авторитарен стил и блискост со проруски ставови – иако Симион го негира ова и јавно го поддржува членството на Романија во НАТО и ЕУ.

Симион беше жесток критичар на Русија и поддржувач на Украина по почетокот на војната во 2022 година, но во меѓувреме го прифати ставот на Трамп за конфликтот, повикувајќи на договор и прекин на испраќањето оружје во Киев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една изборна единица

Горан Наумовски

Томислав Томашевиќ убедливо победи во Загреб со над 30.000 гласови повеќе од Марија Селак Распудиќ

Горан Наумовски

Анкети: Tрзасковски тесно води на претседателските избори во Полска со 50,17 проценти од гласовите

Горан Наумовски

Јадранка Косор: Сплит ќе биде мега победа за ХДЗ

Томашевиќ води во Загреб, Павличек прогласува победа во Вуковар, а Риека добива нов градоначалник

Излезноста на вториот круг од претседателските избори во Полска е поголема отколку пред пет години