Излезни анкети: Ликуд победува на изборите во Израел

Од:

Партијата Ликуд на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху освои најмногу места (36-37) на денешните парламентарни избори, но неговиот десничарки блок и верска партија немаат мнозинство во Парламентот со 120 места, јави ДПА повикувајќи се на излезни анкети.

Десничарскиот блок, чиј дел е и Ликуд, екстремно десничарската Јамина и ултра православните партии освоија 60 мандати, еден помалку од 61 место – мнозинство за кое се надеваше дека ќе го освои.

Централно-левиот блок во кој се Сино и Бело, Лабуристи-Мерец-Гешер, Заедничката листа на арапските партии добија 52-54 мандати, според три одделни излезни анкети објавени на главните израелски телевизии.

Авигдор Либерман од ултранационалистичката, но секуларна партија Израел Бејтину, освои 6-8 места, јави ДПА.

Ова се трети парламентарни избори за помалку од една година. Израелскиот премиер Нетанјаху, кој на оваа функција е во последните 13 години, на чело на преодната Влада се наоѓа подолго од една година.

По двете рунди избори, во април и септември, немаше јасен победник и не беше формирана влада, па беа распишани трети избори, што досега се нема случено во историјата на Израел.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Објавена снимката од ликвидацијата на лидерот на Хезболах во Бејрут

Израел не се откажал од ракетирање на иранските нуклеарни постројки

Американците нападнаа

ВИДЕО: Израел е вампирски режим, а САД бесно куче во регионот рече врховниот лидер на Иран

(ВИДЕО) 18 мртви во израелски напад на Западниот брег: Ова е масакр

Катерина Ѓуровски

„Колку сте уверени дека нема да има војна? Бајден: Колку сте сигурни дека нема да врне?

Катерина Ѓуровски