Околу 150 Pоми се најдоа на улица откако изгоре нивната населба во Вол-ан-Велан во близината на Лион, без притоа да имаат можност да најдат друг покрив над главата, јави дописникот на МИА од Париз.
Станува збор за Роми најчесто од земјите-членки и нечленки на ЕУ од Балканот, кои веќе неколку години наназад се наоѓаат во овој дел на Франција.
Пожарот се случи вчера попладне, по тепачката откако повеќе лица удриле со шишиња две жени на возраст од 56 и 29 години и 22-годишен маж, при што тие биле повредени полесно.
Оваа дива населба е извор на затегантост меѓу нејзините жители и жителите на лионското преградие, кои бараа нејзино демонтирање.
Во оваа населба на површина од 5.000 м2 живејаа околу 350 Роми, од кои половината останаа без покрив на главата по опожарувањето на нивните колиби. Општината и префектурата тврдат дека работат на изнаоање на решение за сместување на лицата без покрив на главата.