Џамија во шведскиот град Оребро изгоре ноќеска, а полицијата се сомнева дека пожарот бил подметнат.
Пожарникарите биле повикани во два часот утрово, кога пожарот веќе бил проширен низ објектот и џамијата во голема мерка изгорела.
Нема информација дали некој бил повреден во инцидентот, но полицијата испитува дали пожарот бил подметнат.
Џамијата била изградена во 2007 година и имала капацитет од 250 верници.