Изгласана недоверба на романската Влада

Од:

Парламентот на Романија денеска изгласа недоверба на конзервативната влада на премиерот Флорин Читу.

„За“ недоверба на владата гласаа 281 од вкупно 446 пратеници.

За предлогот на најголемата опозициска Социјалдемократска партија гласаа и партиите Сојуз за спас на Романија и Алијанса за обединување на Романците.

По изгласувањето на недоверба, Читу може да продолжи да ја води владата најмногу 45 дена, но со ограничен капацитет за дејствување, на пример не би можел да потпишува итни укази.

Се уште не е познато дали ќе има предвремени избори, бидејќи редовните се закажани за 2024 година.

Кризата беше предизвикана од распадот на коалицијата помеѓу Националната либерална партија на Читу и Сојузот за спас на Романија.
Сојузот излезе од коалицијата откако Читу, поддржан од претседателот Клаус Јоханис, разреши двајца министри од Сојузот.

Би можело да ве интересира

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Романците пред нов историски „референдум“