Владата на Португалија доби доверба во Парламентот, на седница закажана на барање на опозицијата, која обвини за нејзина неможност за справување со пожарите.
Годинава во пожарите во Португалија загинаа 110 лица, во јуни 65, а минатата недела 45.
Предлогот за разрешување на Владата беше поднесен од Народната партија на Португалија, но социјалистите, заедно со нивните парламентарни сојузници, комунистите и левиот блок, го отфрлија со 122 гласа наспроти 105.
Смртоносните пожари се најголемиот предизвик со кој се соочува Владата во Лисабон од нејзиното формирање во 2015 година.
Португалската министерка за внатрешни работи, Констанца Урбано де Суза, минатата недела поднесе оставка поради пожарите.