По повеќедневната борба со огнената стихија во северна Шпанија, пожарникарите, војниците и полицијата денеска успеаа да згаснат пожари на повеќе од 200 локации, во што им помогнаа и долго очекуваните врнежи.
Речиси 700 пожарникари, војници, полицајци и доброволци се обидувале да ги изгаснат пожарот во регионот Кантабрија, а оганот опасно се приближувал до околните села.
Локалните претставници соопштија дека дожд конечно паднал во реѓионот кој е погоден од невообичаено топло време.
Оваа година пожарите уништиле повеќе од 54.000 хектари земјоделско и шумско земјиште во Шпанија, што е повеќе од претходните две години заедно, наведува шпанското Министерство за земјоделство.