Изел премногу „магични печурки“, Меведев ги коментираше изјавите на шефот на НАТО

Од:

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, се осврна на изјавите на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во кои тој зборуваше за можен руски напад врз Европа.

Во интервју за „Њујорк тајмс“, Руте рече дека Кина би можела да ја убеди Русија да ги нападне европските земји за да го одвлече вниманието од Индо-пацифичкиот регион.

„Доколку Си Џинпинг го нападне Тајван, прво би се погрижил да го повика својот помлад партнер во сето ова, Владимир Владимирович Путин, кој живее во Москва, и да му каже: „Еј, јас ќе го направам ова, а ти треба да ги држиш зафатени во Европа со напаѓање на територијата на НАТО“, рече Руте.

Оваа изјава ја предизвика реакцијата на Дмитриј Медведев, кој испрати низа пораки до генералниот секретар на НАТО.

„Генералниот секретар Марк Руте очигледно изел премногу од „магичните печурки“ што ги сакаат Холанѓаните. Тој гледа дослух меѓу Кина и Русија околу Тајван, а потоа и руски напад врз Европа. Сепак, тој е во право за едно – треба да научи руски. Тој би можел да биде корисен во сибирски камп“, рече Медведев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Медведев: Европејците добија вербална канонада од неблагодарна нарко-свиња

Катерина Ѓуровски

Руте: Договорот со Трамп значи зајакнување на безбедноста на НАТО на Арктикот

ВИДЕО: Што би добил Трамп од „рамковниот договор“ за Гренланд

Катерина Ѓуровски

Руте: Нема јавно да ги коментирам за тензиите меѓу САД и Европа

Медведев: Ако Трамп не побрза, Гренланд може да стане дел од Русија

А1он

Руте за Трамп: Прави добро за НАТО, кога фалам некого, тоа се базира на факти

А1он