Издадено предупредување за ураган за Њујорк и Конектикат

Од:

Предупредување за ураган е издадено за американските сојузни држави Конектикат и Њујорк, пред се за Лонг Ајленд, поради можно засилување на тропската бура Хенри до ниво на ураган, соопшти американскиот Национален центар за набљудување на урагани.

„Метеоролошки услови слични на ураган се очекуваат в недела во делови од Лонг Ајленд и Конектикат за каде е издадено предупредување за ураган“, се вели во соопштението.

Тие соопштија дека ураганот утре може да го погоди и јужниот дел на Масачусетс и Род Ајленд.

Бурата Хенри може да предизвика поплави во североисточниот дел на САД, велат од центарот. Брзината на ветрот во атмосферскиот феномен се зголеми од 18 на 31 метри во секунда. . Во моментов, бурата се наоѓа неколку стотини километри југоисточно од Кејп Хатерас (Северна Каролина) и се движи кон северозапад со брзина од приближно 3 метри во секунда.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нови детали за хеликоптерската несреќа во Њујорк, се бара забрана за туристички летови

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Извршниот директор на Сименс, неговата сопруга и трите деца загинаа во хеликоптерска несреќа во Њујорк

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Шест лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Њујорк

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер во Њујорк, се стравува дека има жртви

Горан Наумовски

Планирал да го нападне Еврејскиот центар во Њујорк, одбрал симболичен датум

(ВИДЕО) Пожар на аеродром во Њујорк, се вклучија алармите, се евакуираат патниците