Издадено предупредување за појава на цунами на Нова Каледонија

Од:

Предупредување за опасност од цунами е објавено за Нова Каледонија, Вануату и островите Фиџи по силниот земјотрес што го погоди регионот.

– Можна е појава на бранови од 30 сантиметри до еден метар во делови од брегот на Вануату и Фиџи, соопшти Тихоокеанскиот центар за предупредување од цунами.

Новозеландскиот сеизмолот Џонатан Хансон изјави дека земјотресот е многу оддалечен од населените места и оти и покрај предупредувањето за појава на цунами, брановите ќе бидат мали.

Земјотрес со интензитет од7,1 степени според Рихтеровата скала денеска беше регистриран во близина на Нова Каледонија, во јужниот дел на Пацификот.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, на околу 370 километри од главниот град на Нова Каледонија, Нумеа.

Би можело да ве интересира

Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 2.056, а повредени се над 3.900 лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Уживаа во базенот на покривот од зградата, а потоа наеднаш бранови: Паника за време на земјотресот во Бангкок

Предраг Петровиќ

Уште еден силен земјотрес, бројот на загинати надмина илјада

ВИДЕО: Снимен моментот на земјотресот во породилиште во Мјанмар

ВИДЕО: Разорниот земјотрес во Мјанмар создаде застрашувачка пукнатина во земјата

Предраг Петровиќ

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Деца загинаа во манастир за време на разорниот земјотрес во Мјанмар

Горан Наумовски