Издаден е налог за апсење на шаховската легенда Гари Каспаров

Од:

Московскиот суд Замоскворецки го одобри апсењето во отсуство на шахистот и политички активист Гари Каспаров, кој е прогласен за странски агент во Русија, за наводно поттикнување терористички активности.

Каспаров е на меѓународна листа на барани лица, објави Интерфакс. Обвиненијата се засноваат на член 205.2 од Кривичниот законик на Русија, но судот не објави детали. Каспаров беше обвинет во октомври за наводен обид за преземање на власта и основање терористичка организација.

Руската ФСБ тврди дека тој и другите основачи на „Антивоен комитет на Русија“ финансирале украински паравоени единици што Москва ги смета за терористички и регрутирале лица за наводни планови за насилно преземање на власта.

Во март 2024 година, Каспаров беше додаден на рускиот список на лица и организации поврзани со екстремизам и тероризам.

Тој живее надвор од Руската Федерација.

Би можело да ве интересира

Лавров: И покрај длабоките политички разлики, подобро е да се разговара со САД

Каспаров го откажа патувањето во Берлин по предупредувања за можен атентат: „Европа стана игралиште на Путин“

Кушнер: Путин е подготвен за мир под соодветни услови

Русија: Нема да се согласиме на примирје, без да знаеме што следи потоа

Русија ѝ се закани на Австрија

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија