Денеска во сојузната индиска држава Гуџарат се одржува првата етапа од изборите за членови на регионалниот Парламент, кои се оценуваат како важен тест за популарноста на индискиот премиер, Нарендра Моди.
Неговата десничарска Индиска народна партија (БЈП) издвојува убедлива победа во Гуџарат на минатите сојузни избори во 2014 година, бидејќи тоа е неговата родна држава.
Премиерот Моди беше директно вклучен во кампањата во Гуџарат со цел да ѝ помогне на БЈП да ја задржи власта.
Според анкетите, БЈП ќе победи во Гуџарат, но нејзиното мнозинство во регионалниот Парламент ќе биде драстично намалено. Втората фаза од гласањето ќе следува следната недела, а конечните резултати ќе се објават на 18 декември.