Избори на романски начин

Од:

Во првиот круг на романските претседателски избори на 2 ноември илјадници гласачи во странство не успеаја да го дадат својот глас. Владата не смее така да се однесува кон своите граѓани.

Проценките на владејачките социјалисти досега успеаја. Нивниот кандидат, премиерот Виктор Понта, победи во првиот изборен круг. Знак прашање е дали предноста од 10 отсто ќе му биде доволна во вториот круг. Кандидатот на Либералниот сојуз, Клаус Јоханис, кој е со германско потекло, нема само теоретски шанси за влез во претседателската палата.

Клучлно е кој ќе успее да ги добие гласовите на оние кои во првиот круг поддржаа некој од преостанатите 12 кандидати. На одлуката ќе влијае и најголемата политичка група, негласачите, т.е. дали тие за две недели ќе излезат на гласање или не. Во првиот круг половина граѓани со право на глас во Романија се одлучија да останат дома.

Решавачки фактор овој пат, исто како пред пет години, можат да бидат Романците кои живеат во странство. Тие во 2009 година со големо мнозинство го поддржаа претседателот во заминување Трајан Басеску. Социјалистите тогаш беа многу лути и изјавија дека изборите биле лажирани. Овој пат се чини дека социјалистичката влада се погрижи тоа да не се повтори. Илјадници Романци од Западна Европа со часови мораа да чекаат на гласачките места и да се вратат дома не успевајќи да гласаат.

Едноставно имало премалку изборни места за две до три милиони Романци кои живеат и работат во странство. Катастрофалната логистика била виновна за толку бавното гласање. А кога гласачките места беа затворени, пред нив на гласање уште чекале илјадници луѓе, но повеќе не смееле да гласаат.

Чесните избори во некоја европска демократија не изгледаат така. Пред 25 години Романците излегоа на улиците да демонстрираат против комунистичката диктатура и за слободни, демократски избори. За правото кое денес, по 25 години од падот на комунистичката диктатура, се гази под нозе. Да, она што се случи во многу западноевропски градови беше сосема јасно дека е спречување на гласање. Романците кои работат во странство и кои дома праќаат тешко заработени пари, очигледно не треба да гласаат. Граѓани од втора класа, кои мора да се казнат бидејќи не гласаат исправно.

Ризикот од демократијата

Дали проценката ќе биде успешна на крај, ќе видиме на 16 декември. Ако не се работеше за целно спречување на користење на едно од основните права, тогаш Владата мора да се погрижи за тоа на сите полнолетни граѓани во земјата во која не можеле да гласаат, да им овозможи учество во политичкиот процес преку писмен пат, па и со ризик нивниот кандидат да ја извлече покусата сламка.

Тоа се правила на игра на функционална демократија. Се додека тие правила не постојат во пракса, Романците мора да сфатат дека нивната земја е во групата на држави во кои демократијата е на климави нозе. Корупција, непотизам, притисоци врз медиумите и сега непочитување на едно од основните права на избори. Листата на антидемократски чинови е се подолга. За две недели ќе видиме дали Романците сакаат и натаму трпеливо да учествуваат во таа игра.

Предизборните програми на кандидатите и овој пат одиграа секундарна улога. Повеќе се работеше за одлука меѓу стариот посткомунистички естаблишмент, задржување на статусот кво, на една страна и јасната проевропска линија на друга. Оправдано може да постои сомнеж во тоа дали и натаму ќе биде успешна досегашната, екстремно валкано водена предизборна кампања на Понта со националистички и популистички тонови.

Многу Романци, а тоа го покажа и првиот изборен круг, посакуваат прагматична политика за својата земја, за земја во која важат демократски начела. Тие сакаат нормален живот во една нормална земја со нормални политичари, кои навистина ќе му служат на народот. Сити се од тоа својата земја секогаш од ново да ја гледаат во негативен контекст. Тие ќе излезат на гласање, тоа импресивно го најавија на социјалните мрежи. Па и Романците во странство. Никој повеќе да не се чувствува како Романец од втора класа, велат тие. Ниту дома, ниту каде било во Европа.

 

Дојче веле – Берлин

 

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски