Иван Федоров: 15 лица беа ранети во рускиот напад врз Запорожје

Од:

Шефот на воено-административната администрација на Запорожје, Иван Федоров, денес на својот Телеграм канал објави дека бројот на повредени во рускиот напад врз Запорожје се зголемил на 15.

„До 19:00 часот, бројот на повредени лица во рускиот напад се зголемил на 15. Меѓу нив има осум жени, шест мажи и едно бебе. На сите им е укажана потребната помош“, се наведува во соопштението на Федоров, пренесува Укринформ.

Тој додаде дека во рускиот напад се оштетени станбени згради и автомобили што им припаѓаат на граѓаните на Запорожје.

Би можело да ве интересира

Украински пилот загина откако руска ракета го собори неговиот „МиГ-29“

А1он

Премиерот на Украина: Војната оваа година нè чини 155 милијарди долари

А1он

(ВИДЕО) Русија погоди станбена зграда во Одеса – објавена е снимка од страшниот напад

А1он

Москва: Украинците се обидуваат со провокации да ги вовлечат своите западни инструктори подлабоко во војната

А1он

Трамп: Ќе ставиме крај на конфликтот во Украина

А1он

Украина воведе санкции и против цртаниот филм „Маша и медо“

А1он