Итна средба меѓу Блинкен и Лавров за ситуацијата во Украина

Од:

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ќе се сретнат во Женева.

-Плановите се да се разговара за нацртите на двата договори што Русија ги поднесе на 15 декември, изјави синоќа портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, пренесоа руските медиуми.

Захарова на прес конференцијата кажа дека Лавров и Блинкен пред два дена веќе имале телефонски разговор и дека Лавров го повикал Блинкен „да не шири шпекулации за наводната претстојна руска агресија“ во врска со ситуацијата во југоисточна Украина, туку да ги принуди властите во Киев целосно да го спроведат Договорите од Минск.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

Лавров: Европските лидери кои беа против прекинот на огнот се предомислија

Лавров: Спремни сме за нов договор за Црното Море ако Зеленски истиот го почитува

Западот сака да ја скроти Русија, тоа Наполеон и Хитлер веќе го пробаа

Путин го одликува Лавров на неговиот 75-ти роденден

Лавров: Не ме интересира ставот на ЕУ за Украина, имаме „нормални“ разговори со американски претставници