Двата најголеми италијански синдиката организираа протесна поворка по улиците на главниот град Рим поради кастрењата што ги најави премиерот Марио Монти во јавната потрошувачка а во земјата расте спротиставувањето на политиката на штедењето која треба Италија да ја извлече економската криза.
Штрајкот е организиран откако во Атина и во Мадрид се судрија демонстрантите и полицијата и се совпадна со работничките немири во фабриката за челик ILVA во јужна Италија.
„Тука сме да протестираме против политиките на Монти, бидејќи досега тие само направија најслабите да плаќаат”, изјави еден од синдикалните челници Пио Запатерено пред членовите на еден од двата најголеми италијански синдиката CGLI, во центарот на престолнината Рим.
Универзитетски професори, вработени во јавниот сектор и службеници во здравствените служби обединети во синдикатите CGIL и UIL, ја сопреа работата во знак на поддршка на собирот кај римската знаменитост древниот Колосеум. На привременото запирање на работа му се придружија и работниците во службите за одржување на јавната чистота.
Кастрењата во потрошувачката се воведени по непопуларните штедења и реформите на системот за вработување и отпуштање од работа коишто предизвикаа остро спротиставување и протести на синдикатите претходно годинава.
„Прегладни ја ѕверката, ослаби ја, направи ја неефикасна, поткопај го нејзиниот потенцијал, прекини ја нејзината мисија, тоа се принципите коишто стојат зад политиката на владата кон јавната управа”, напишаа челниците на синдикатот CGIL во писмото со коешто ги објаснуваат причините за протестот.
Мерките за штедење ја погодија потрошувачката на домаќинствата и ја продлабочија италијанската рецесија. Невработеноста во Италија во јули се зголеми на 10,7 отсто, најголема од 2004 година.
Во август гневот поради овие мерки и поради губењето на работните места доведоа до повеќе спорови околу работничките права, вклучувајќи и они е во челичарницата ILVA в Таранто и ливницата на алуминиум на Сардинија.
Иако премиерот Монти е најпопуларниот политичар во Италија, неговата изјава од четвртокот дека е подготвен да остане уште еден мандат доколку на изборите идната пролет не се појави јасен политички победник, предизвика хорски обвинувања од опозициските партии.