Италијанскиот суд: Геј паровите може да одгледуваат деца

Од:

Врховниот суд на Италија соопшти дека хомосексуалните двојки можат да одгледуваат децата како и хетеросексуалните двојки.

“Не постои научен нити конкретен доказ за спротивното, туку само пристрасност кога се вели дека животот во хомосексуалното семејство му наштетува на растењето на детето”, се наведува во судската пресуда.

Оваа пресуда е изречена во случај на еден маж против неговата поранешна партнерка која има старателство над нивното дете, а сега живее во лезбејска врска.

Групата за заштита на хомосексуалните права “Arcigay”, соопшти дека ова е “историска” пресуда и додаде “Децата ги подига љубовта, а не сексуалната ориентација на родителите.”

Во Италија често се дискутира за правата на хомосексуалните двојки, вклучувајќи ги и оние за брак, посвојување, особено сега во текот на изборниот период во кој секоја партија се обидува да привлече што повеќе гласови без да ја налути Католичката црква потсетува АФП.

Ватикан верува дека единствено вистинско семејство е засновано на брак меѓу маж и жена, а во Италија на геј двојките им е забрането да посвојуваат деца.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он