Италијанскиот претседател го распушти парламентот

Од:

Италијанскиот претседател Џорџо Наполитано го распушти денеска парламентот по оставката на премиерот Марио Монти, со што се отвора патот за предвремени избори во февруари.

Наполитано го потпиша декретот за распуштање на парламентот по консултациите со политичките лидери.

Монти поднесе оставка синоќа, неколку месеци пред истекот на неговиот мандат, откако неговата влада ја загуби парламентарната поддршка од партијата на поранешниот премиер Силвио Берлускони, десноцентристичката Народ на слободата.

Датумот на изборите, најверојатно 24 февруари, треба да биде прецизиран од кабинетот на Монти, кој продолжува да ги извршува своите овластувања како техничка влада.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он