Италијанскиот министер за надворешни работи поднесе оставка

Од:

Италијанскиот министер за надворешни работи Џулио Терци денеска соопшти дека поднесува оставка поради одлуката на Владата да ги врати на судењето во Индија италијанските маринци обвинети за убиство на двајца рибари.

– Поднесувам оставка во знак на протест поради одлуката маринците да се испратат назад. Сомнежите што ги имав во однос на ова не влијаеа врз одлуката на Владата, изјави Терци пред Парламентот.

Италијанската Влада во петокот донесе одлука да ги испрати назад маринците, кои се обвинети за убиство на двајца рибари во близина на брегот на државата Керела, во југоисточниот дел на Индија.

Владата на Марио Монти со ова ја измени одлуката од 11 март маринците да не бидат вратени во Индија.

– Поднесува оставка бидејќи тврдев и тврдам веќе 40 години дека угледот на земјата, вооружените сили и италијанската дипломатија треба да се бранат, нагласи Терци.

Италијанските маринци се осомничени за убиство на рибари во близина на брегот во февруари 2012 година. Тие обезбедувале италијански нафтен танкер и тврдат дека мислеле дека станува збор да рибари пирати.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски