Италијански сеизмолози во затвор поради погрешни проценки

Од:

Шестмина италијански сеизмолози, обвинети дека ги потцениле ризиците на разорниот земјотрес во реонот на италијанскиот град Аквила во 2009 година, беа осудени на по шест години затвор за „убиство без предумисла“.

На крајот на септември судот побара по четири години затвор за седум членa на Комисијата за оценка на ризиците од катастрофи и несреќи – шестмина сеизмолози и помошник-директорот на Цивилната заштита Бернар­до де Бернардинис.

Одбраната на обвинетите побара тие да бидат ослободени со аргументот дека ниту еден научник не би можел да предвиди земјотрес.

Во земјотресот од 6 април 2009 година 300 лица загинаа, градот беше опустошен и 10.000 лица останаа без покрив на главата.

Комисијата за процена на ризиците од катастрофи се собра во Аквила шест дена пред земјотресот без да одлучи дали да се преземаат мерки на претпазливост.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он