Италијанската полиција заплени 277 килограми марихуана, уапсени четворица Албанци

Од:

Италијанската полиција во градот Лече заплени уште една пратка со големо количество на марихуана транспортирана со моторен чамец од албанскиот брег.

– Во акцијата реализирана во соработка на албанската и италијанската полиција во Сан Каталдо, Лече, запленети се 277 килограми марихуана транспортирани со моторен чамец. Уапсени се четворица албански државјани, тројца од нив со престој во Италија, пренесува порталот Албеу, повикувајќи се на соопштението на албанската полиција.

Еден од уапсените го возел чамецот, додека тројцата го чекале на брегот. Сите четворица се по потекло од албанскиот приморски град Валона.

Во меѓувреме, по добиените информации по оперативен пат, албанската полиција заплени 80 килограми марихуана, повеќе парчиња автоматско оружје и електронска вага, уапси две лица, а по две се уште се трага.

Пред еден ден полицијата во италијанскиот град Саленто заплени моторен чамец со повеќе од 700 килограми марихуана. Уапсени се двајца албански државјани кои истата ја транспортирале со моторен чамец, начин кој станува се позагрижувачка појава, пишува порталот „Албеу“.

Би можело да ве интересира

Скопската полиција заплени 6,2 килограми марихуана и 442 таблети екстази

Четири килограми марихуана пронајдени во гаража во Скопје

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Полицијата уапси дилер во Штип, пронајдена е дрога во неговиот дом

Горан Наумовски

ОЈО: 22-годишник од Тетово е осомничен дека поседувал марихуана, одреден му е 30 дневен притвор

Му носела дрога на мажот во затворот Идризово – Уапсена 40 годишна скопјанка

Анита Петровска Рајковиќ