Италијанската полиција го уапси Адмир Суљиќ, осомничен за местење фудбалски натпревари

Од:

Италијанската полиција денеска на аеродромот во Милано го уапси Словенецот Адмир Суљиќ, кој е осомничен за местење фудбалски натпревари.

Суљиќ се наоѓа на потерница на правосудните органи на градот Кремона од 2011 година под обвинение за учество во местење натпревари, во случај во кој веќе се уапсени 50 лица, а над 150 се под истрага.

Полицијата соопшти дека Суљиќ, кој е во бегство од декември 2011 година, клучна „алка“ во операцијата „Последен облог“.

Суљиќ е уапсен откако допатувал од Сингапур, бил во контакт со неодамна осмоничените за организнирано месетње спортски натпревари.

Генералниот секретар на Интерпол Роналд Нобл изјави дека сингапурската полиција ги информирала италијанските колеги дека осомничениот за местење натпревари се наоѓа во авион кој треба да слета во Милано.

Истрагата на Интерпол откри 680 сомнителни натпревари низ целиот свет, вклучително натпревари од Лигата на шампионите и квалификациските натпревари за Светското првенство.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он