Италија: Поради страв од земјотреси – подигнати шатори и затворени цркви

Од:

[staff name=”Eлена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]По трите земјотреси кои се случија вчера, во централна Италија затворени се црквите, а привремено се подигнати два шатори за сместување на вознемирените граѓани во местото Сор, близу до Рим.

Земјотресот со јачина од 4, 8 степени според Рихтерова скала, која го погоди Фрозинон, помеѓу Рим и Наполи, на длабочина од 10,7 километри, ги натера луѓето да истрчат на улици, а зградите се тресеа и во центарот на Рим.

По земјотресот кој траеше 10 секунди, во текот на ноќта следеа два мали потреси во близина на Фрозинон и Л’аквил.

Една 63-годишна жена од местото Изол дел Лири, во близина на Сор, добила инфракт во текот на првиот земјотрес и починала во болница.

Италијанската противпожарна служба соопшти дека повредени нема, ниту поголема штета, иако една зграда во Сор е привремено забранета за употреба.

Црквите се затворени, се додека не се извршат неопходните проверки, а два шатори се подигнати за да во нив се сместат жителите кои се плашат да се вратат во своите домови, пренесува „Франс прес“.

-Беше страшно искуство. Во куќите се, се превртуваше. Подигнавме два шатори со греење, за сместување на оние што не сакаат да се вратата во своите домови. Многумина спијат во автомобили – изјави градоначалникот Ернесто Терзиниј.

Во земјотресот со јачина 6,3 степени според Рихтерова скала, што во 2009 година го погоди Л’аквил, загинаа 309 луѓе.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он