Италија поддржува Европска здравствена унија

Од:

Италија би сакала да види многу посилна соработка во Европската унија во областа на здравствената политика, а плановите на европскиот блок за „Европска здравствена унија“ се чекор во вистинската насока, изјави денеска италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца.

– Ни треба подобра координација во Европа, со повеќе европски решенија и државите мора да се осмелат да се откажат од дел од својот суверенитет по ова прашање. Тоа е една од лекциите од ова време, рече Сперанца.

Европското тело за подготвеност и одговор при итни случаи (ХЕРА), основано од Европската комисија, почна да функционира во септември и се очекува целосно да биде оперативно на почетокот на 2022 година.

Сперанца смета дека членките на ЕУ треба да бидат отворени за нови проекти со цел ХЕРА да се покаже успешна.

– Мислам дека ни треба храброст во таа насока, додаде тој.

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан начелно ја поддржува идејата на Европската комисија, но смета дека главниот збор треба да го имаат земјите-членки.

Идејата е во иднина ХЕРА да биде способна да идентификува претстојни здравствени кризи и брзо да реагира на нив низ целата Унија.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп