Италија наскоро ќе забрани носење бурки на јавни места

Од:

Предлог-законот што го презентираше конзервативната партија на премиерката Џорџa Мелони „Браќа на Италија“ предвидува воведување забрана за носење бурка на јавни места, како и забрана за принудни бракови меѓу муслиманите.

Предложениот закон вклучува и регулирање на финансирањето на џамиите, а целта на законот, како што наведува предлагачот, е борба против исламскиот сепаратизам и спречување на создавање „контра-друштва“ во Италија, каде што законите на државата би биле потиснати и заменети со шеријатски закони, објавува италијанскиот весник „Ла Република“.

Предвидени се казни од 300 до 3.000 евра за оние што ќе ја прекршат забраната за носење бурка на јавни места, како што се образовни институции, универзитети, продавници и канцеларии.

– Забрането е носење облека што го покрива лицето, како и секој друг предмет што го отежнува препознавањето на лице на јавни места и во простори отворени за јавноста – се наведува во член 5 од предложениот закон.

Претставничката на партијата „Браќа на Италија“, Сара Келани, нагласи дека целта на законот не е само да се забрани бурката, туку и да се спречи создавањето паралелни општества во Италија кои не ги почитуваат италијанските закони.

– За жал, и во Италија сме сведоци на бројни феномени од ваков вид, а токму во овие контра-општества цвета исламскиот фундаментализам – додаде таа.

Покрај забраната на бурката, предложениот закон го регулира и прашањето за принудните бракови.

Заменик-министерот за правда Андреа Делмастро истакна дека законот се занимава и со прашањето за принудните бракови, кои, како што рече, се „уште еден сериозен проблем“.

Предлогот потсетува дека во Италија мора да се применуваат закони засновани на западните вредности.

– Од договорени бракови до случаи како оној со Саман, разликата е многу мала – рече тој, алудирајќи на убиството на осумнаесетгодишната Пакистанка Саман Абас, која беше убиена од нејзините родители во 2023 година затоа што одби да оди во Пакистан и да се согласи на договорен брак.

Во ноември 2022 година, телото на девојчето беше пронајдено во напуштена фарма во близина на полињата каде што работеше нејзиниот татко, во северна Италија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огромна нелегална фабрика откриена во Италија, произведувале 7 милиони цигари дневно

А1он

Италија испраќа втор воен брод за придружба на флотата со хуманитарна помош за Газа

Мелони: Ќе ја признаеме Палестина, но под два услови

Рим: Деветгодишно дете е во критична состојба откако е претепано од врсници

Младите македонски фудбалери поразени од Италија со 1:0

Изгладнета 20-годишна Палестинка почина во Италија откако беше евакуирана