Италија: Кокаин се чувствува во воздухот

Од:

Резултатите на Институтот  за истражување на атмосферското загадување во Италија покажаа присуство на марихуана и кокаин во воздухот во осум италијански градови.

Тоа се Болоња, Фиренца, Милано, Наполи, Палермо, Рим, Торино и Верона. Најголема концетрација има во Торино, а најмала во Палермо.

Покрај ова се мереше и содржината на други супстанци, како никотинот и кофеинот.

Откриени се минимални количини – околу 0,26 нанограми кокаин по кубен метар во Торино – но тоа ни одблиску не е доволно за да влијае на психата на жителите. За споредба, просечното зрно сол е тешко 80.000 нанограми.
Меѓутоа, авторите на истражувањето велат дека нивната работа фрла светло на трендовите на употреба на наркотиците. Тоа би значело дека во Торино е развиена трговијата со кокаин, додека универзитетските градови, како Фиренца и Болоња, во воздухот имаат честици од марихуана.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он