Италија ја заплени вилата на поранешен руски возач на Формула 1

Од:

Италијанските власти денеска соопштија дека заплениле вила вредна 100 милиони евра (109 милиони долари) на Сардинија, во сопственост на поранешениот руски возач на автомобили Никита Мазепин и неговиот татко олигарх Дмитриј.

Финансиската полиција дала наредба за запленување на вилата Роки Рам во Порто Черво, на брегот на Коста Смералда на североистокот од италијанскиот остров, изјави владин претставник, пренесува Франс24.

Никита Мазепин (23) беше отпуштен од американскиот тим „Хаас“ во март, откако заедно со неговиот татко Дмитриј беше ставен на листата на санкционирани на ЕУ, а како дел од тесното опкружување на рускиот претседател Путин.

Италијанската полиција во последните недели заплени вили и јахти вредни над 900 милиони евра од богати Руси како дел од санкциите на Европската унија.

Највредната заплена досега е направена во Трст, а се работи за џиновска јахта на милијардерот Андреј Мелниченко, проценета на 530 милиони евра.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа