Италија ја преместува амбасадата на Украина во Лавов

Од:

Италија соопшти денеска дека ја преместува својата амбасада во Украина од главниот град Киев во западниот град Лавов, по слични одлуки на другите западни земји.

„Поради влошување на безбедносната ситуација во Киев и последователна неможност да се гарантира целосна функционалност, италијанската амбасада во Киев се префрла во Лавов“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи.

Италијанскиот премиер Марио Драги го повтори советот на неговата влада дека Италијанците во Киев треба да го напуштат градот и да бидат „максимално претпазливи“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кулеба: Војната нема брзо да заврши

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Украина денеска го затвори својот парламент од безбедносни причини

Горан Наумовски