Италија, Грција, Малта и Кипар: Премногу мигранти остануваат кај нас, системот не е фер

Од:

Италија, Грција, Малта и Кипар денеска го осудија системот за управување со миграцијата во Европската унија, според кој тие носат несразмерен товар, па бараат помош од Европската комисија.

Тие четири земји „се првата почва на Европската унија во која (мигрантите) влегуваат и тие мора да го понесат најтешкиот товар од мигрантскиот прилив во Медитеранот, во согласност со меѓународните обврски и прописите на Европската унија“, велат министрите за внатрешните работи на Италија, Малта, Кипар и грчкиот министер за миграција во заедничка декларација објавена во Рим.

Тие потсетуваат на ангажманот на Европската унија во јуни во Луксембург за воведување „механизам за доброволна солидарност“, кој треба да овозможи трансфер и преселување на 10.000 луѓе секоја година во други земји-членки на ЕУ од земјите во кои влегле.

Резултатот од спроведувањето на овој ангажман е „разочарувачки“, сметаат четирите медитерански земји. „Механизмот е бавен“, а бројката од 10.000 преселби не е остварена и „е само мал дел од илегалните пристигнувања на мигранти во текот на годината“, наведуваат оттаму.

Овие четири земји кои поради својата географска положба се први на удар од напливот на мигранти, со години бараат да се воведе систем на задолжителен трансфер и преселување на мигрантите.

Во очекување на нов договор за управување со миграцијата „кој би бил ефикасен, праведен и траен“, четворицата министри повикуваат на „итна и неопходна дебата за тоа како подобро да се координираат операциите за спасување во Медитеранот“, така што бродовите на невладините организации што спасуваат мигранти ќе се усогласат со прописите.

Изјавата уследи по спорот меѓу Италија и Франција, кој кулминираше во петокот кога брод со 230 мигранти се закотви во француското пристаниште Тулон, откако Италија одби да му дозволи да се закотви.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Приведени двајца криумчари на мигранти

Кичевчанец шверцувал петмина мигранти од Кина

Горан Наумовски

Пронајдени десет мигранти во две возила на преминот „Богородица“

Горан Наумовски

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година