Италија денеска и утре бира пратеници

Од:

Педесет милиони Италијанци денеска и утре ќе изберат 360 пратеници и 315 сенатори во двата дома на италијанскиот Парламент, а изборот е на партии и коалиции предводени од четворица кандидати, сите постари од 60 години.

Тоа се комичарот Бепе Грињо, потоа милијардерот со првостепена пресуда за затајување данок Силвио Берлускони, левичарот, за кој аналитичарите велат дека не се разбира во економија Пјер Луиџи Берзани и конзервативниот професор по економија, но за кого медиумите пишуваат дека не се разбира во политика, и досегашен премиер Марио Монти, објавува Танјуг.

Избирачките места се отвораат утрово во 8 часот, по локално време, а ќе бидат затворени утре попладне.

Според најновите анкети, во водство е коалицијата на Берзани со околу 35 проценти, потоа коалицијата на Берлускони на десниот центар со 28 отсто доверба, Движењето Пет ѕвездички на Гриљо со 18 отсто и групацијата на Монте со 15 проценти поддршка.

Според италијанскиот закон, онаа партија која што ќе победи, добива дополнителни пратенички места, така што може да има мнозинство од 54 отсто од сите гласови, односно Берзани би можел да го освои мнозинството во Долниот дом.

Но, според аналитичарите, во Сенатот Берзани најеројатно нема да го освои мнозинството, па се предвидува можна коалиција со Марио Монти.

Иако со мали шанси пред изборите и оптоварен со пресудата за затајување данок, Берлускони во целост успеа да го надомести заостанувањето зад Берзани.

Гриљо, комичар, водител, глумец за време на кампањата не се појавуваше на телевизија, но ги користеше блоговите, Твитер и Фејсбук, па така стаса до гласовите на младите луѓе.

Монти ја презеде владата кон крајот на 2011 година како технократ.

Италијанските медиуми предвидуваат дека неопределените, кои ги има околу 10 проценти, ќе го решат победникот на изборите.

Аналитичарите сметаат дека најдобро би било Италија да добие силна влада и поделена опозиција, наместо обратно. Согласи се дека најлоша варијанта би била политичка нестабилност, трајна економска криза поврзана со сомнежите за желбата и способноста на Италија да остане во еврозоната, што пак, според многумина, е најверојатниот резлутат од изборите.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он