Истрели го вознемирија британскиот град Пилмут, неофицијално петмина се застрелани

Од:

Според првичните информации застрелани се пет лица во британскиот град Плимут. Се уште не се знае дали се убиени или само повредени.

Полицијата потврдува дека дошло до сериозен инцидент со огнено оружје, пренесува Би-би-си.

„На лице место се убиени повеќе луѓе, а уште неколку жртви на нападот се хоспитализирани. Подрачјето е изолирано, а полицијата верува дека ситуацијата е под контрола“, велат од полицијата.

Според „Скај њуз“ убиен е и напаѓачот.

На Твитер за инцидентот се огласи и парламентарниот претставник на лабуристите од тој град, Лук Полард.

„Многу загрижувачки вести вечерва стигнаа од Плимут. Останете во своите домови и слушајте ги советите на полицијата“, напиша тој.

Би можело да ве интересира

Во престрелка во Oхајо едно лице загина, неколку се ранети

А1он

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин