Истрелани три ракети во близина на аеродромот во Багдад

Од:

Во близина на воениот сектор на аеродромот во Багдад денеска беа истрелани три ракети од типот „Качуша“ и нема повредени или загинати лица, соопшти ирачката армија.

Нападот врз аеродромот во Багдад, што е затворен поради пандемијата на Ковид-19, беше извршен пред седницата на ирачкиот Парламент, за предложената Влада на новоизбраниот премиер Мустафа ал-Кадими.

Безбедносните сили го пронајдоа ракетниот фрлач од кого беа истрелани ракетите, за што ниту една група не ја презеде одговорноста.

Официјален претставник на Владата на Ирак изјави дека една ракета беше истрелана во близина на ирачките сили близу аеродромот, друга ракета беше истрелана во близина на американскиот затвор каде беше стациониран Садам Хусеин пред егзекуцијата, а третата ракета во близина на базата на американските воени сили.

Тоа е прв напад од 26 март, кога беа истрелани ракети во близина на Оперативната команда на Багдад, центар за координација на полициските и воените сили на Ирак, неколку стотици метри од Амбасадата на САД, што исто така, често е мета на ракетни напади.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак