Истрелани ракети врз нуклеарна централа во израелскиот град Димона

Од:

Исламистичка групација во Појасот Газа истрела три ракети кон јужниот израелски град Димона, каде е поставен нуклеарен реактор, при што нема човечки жртви, ниту е причинета материјална штета, соопшти израелската армија.

Една од ракетите е пресретната од израелскиот систем за противракетна одбрана „Железна купола“, а другите две паднале на отворен простор, изјави портпаролот на армијата.

Членовите на военото крило на Хамас, „Бригадите Изедин ал Касам“ изјавија дека истрелале ракети М-75 со голем дострел.

Израелската армија додаде дека и други зони во пустината Негев во јужен Израел исто така биле цел на напад.

Би можело да ве интересира

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Хамас најави ослободување на шест израелски заробеници