Истражување: Две децении по обединувањето Германците се уште се чувствуваат поделени

Од:

Мнозинството Германци од источниот дел ги сметаат своите западни сонародници за арогантни и материјалисти, покажува истражување, што ги открива разликите во менталитетот меѓу Источна и Западна Германија.

По 22 години од обединувањето на Германија, означено со падот на Берлинскиот ѕид, истражувањето на институтот Аленсбах, покажува дека Германците од источниот дел имаат силна негативна претстава за западно-Германците, јави БТА.

Околу 71 процент Германци од источниот дел ги сметаат своите сонародници за арогантни, 57 отсто мислат дека тие се материјалисти, а 45 проценти ги сметаат за површни.

Анкетата покажува дека повеќе од две децении по обединувањето на земјата на 3-ти октомври 1990 година зачувани се силни чувства на различност меѓу истично и западно-Германци.

Истражувањето, спроведено на барање на источногермански универзитети, покажува дека 69 отсто од анкетираните источно-Германци се сметаат за скромни, 63 проценти како резервирани и 58 како досетливи. Додека околу 51 процент од Германците од западниот дел своите сонародници ги сметаат за незадоволни, 42 отсто за недоверливи и само 12 проценти за арогантни.

Досега за реконструкција на Источна Германија се потрошени речиси два трилиони евра.

Би можело да ве интересира

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени

АфД ја именуваше Алиса Вајдел за свој кандидат за канцелар на претстојните избори

Протести против АфД во Германија, полицијата употреби солзавец против демонстрантите