Истражување: Британците за намирници за Божик потрошиле рекордна сума

Од:

Британските домаќинства за намирници за Божик потрошиле повеќе од 12 милијарди фунти, што е најголема сума од почетокот на евиденцијата, покажува истражувањето на компанијата „Кантар”.

Вкупната потрошена сума е поголема пред сè поради повисоките цени на храната и пијалаците, а не поради поголемата потрошувачка на граѓаните, покажува месечниот монитор на „Кантар”.

Така, обемот на продажба во декември всушност е намален за еден процент во однос на истиот период претходната година, што покажува дека цените на храната значително пораснале.

Износот во декември беше за неверојатни 1,1 милијарда фунти повисок од истиот месец претходната година, што првпат надмина 12 милијарди фунти, изјави шефот на одделот за малопродажбата на „Кантар”, Фрејзер МекКевит.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година