Истрагата откри како експлодирал украинскиот подарок за полскиот директор на полицијата

Од:

Директорот на полската полиција Јарослав Шимчик случајно ја предизвикал експлозијата кога активирал фрлач на гранати што го добил на подарок од Украина.

Јарослав Симчик се здоби со полесни повреди кога во средата префрли подарок од Украина во неговата канцеларија во Варшава. Во таа прилика беше повреден и еден цивил.

Во интервју за радиото RMF FM, тој објасни дека подарокот го добил при неодамнешната посета на Украина.

„Додека ги носев искористените фрлачи на гранати, кои беа подарок од Украинците, дојде до експлозија. Експлозијата беше силна – од силината на ударот се отвори дупка на подот и го оштети таванот“, изјави директорот на полската полиција.

Полската полиција претходно објави дека експлодирал подарокот што Шимчик го добил од висок украински функционер при посетата на Украина на 11 декември. Киев сè уште не го коментирал овој инцидент.

Радиото RMF FM цитира анонимни извори кои велат дека Украинците рекле дека и двата фрлачи веќе биле користени и дека не содржеле експлозив, што значи дека може да се префрлат преку границата назад во Полска. Еден од нив се претпоставува дека е претворен во звучник за пуштање музика.

По извештаите за инцидентот, опозициските политичари се сомневаа во соодветноста на Шимчик да ги води полициските сили.

Би можело да ве интересира

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

ВИДЕО: Експлозија во тунел, има мртви, луѓето се заробени

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата

Поради корупција приведен е екс портпаролот на полскиот претседателот Анджеј Дуда

А1он

Експлозија во семеен дом во Скопје, малолетник со изгореници завршиле во болница