Истрага против нацистички готвач

Од:

Девеесет и тригодишниот Германец, Ханс Липшис призна дека бил есесовец во Аушвиц, но дека работел како готвач, поради што сега е под истрага на германските власти.

Тој од САД 1983 година е депортиран поради тоа што лажел за своето нацистичко минато, кога емигрирал по Втората светска војна.

Германскиот обвинител Томас Вил задолжен за воените злосторства, изјави дека обвинителството ќе утврди дали може да се подигне обвинение против Липшис и дека е можна нова истрага по случајот со Џон Демјањук.

Демјањук беше првиот човек кој беше осуден во Германија врз основа на обвинението дека бил чувар во нацистички логор, но без докази дека учествувал во некое конкретно убиство.

Судот во Минхен го осуди и Иван Џон Демјањук на пет години затвор поради сомнеж дека учествувал во убиства на европските Евреи.

Судењето на Демјањук, кој ни при изрекувањето на пресудата не сакаше да изговори ниту еден збор, траеше 18 месеци.

Според обвинителството тој како чувар во концентрациониот логор во Треблинка учествувал во убиство на 27.900 европски Евреи.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Шокантно откритие на градската управа на Потсдам – Јозеф Гебелес е се уште на листата на почесни граѓанини

Ана Ололовска

Унгарија казнета со одржување на еден квалификацискиот натпревар за СП 2022 без гледачи поради расизам против играчите на Англија

А1он

Внукот на Ањели пријавил смртни закани по објава на Твитер за фашистички групи

Жарко Настоски

Европа скромно ќе го одбележи Денот на победата

Ана Ололовска

Светот слави Ден на победата над фашизмот или Ден на Европа

Ана Ололовска

Најбогатото германско семејство ги поддржувало нацистите

Ана Ололовска