Источноевропските земји загрижени поради „агресивноста на Русија“

Од:

Лидерите на девет држави од Балтикот, Централна и Источна Европа денеска преку заедничка декларација изразија „длабока загриженост поради агресивното однесување на Русија“ и го поддржаа присуството на НАТО во регионот.

– Ќе инсистираме на потребата Русија повторно да почне да го почитува меѓународното право, како и меѓународните обврски, одговорности и ангажмани, како предуслов за развивање доверба меѓу НАТО и Русија, се наведува во заедничката декларација од Букурешт.

Во текстот се нагласува дека лидерите ќе се приклучат кон напорите за обезбедување на „солидно, ефикасно и цврсто“ сојузничко воено присуство во регионот и поинтензивно ќе ја поддржат соработката меѓу НАТО и ЕУ.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот