Источна Европа можеби не сака бегалци, но има потреба од нив како работна сила

Од:

Економист – Лондон

Со чистите соби и зелен двор, новата психијатриска клиника со геронтолошко и дерматолошко одделение чини 19 милиони долари. Но она што недостасува во болницата во градот Бидгошч во северозападна Полска, се сестри и негуватели. Како резултат на тоа, болницата може да пополни само една половина од своите капацитети од 236 легла.

Недостигот од работна рака е раширена појава во источна Европа. Градежништвото, производството и технолошките фирми не успеваат да пронајадат доволно работници, а недостигот веројатно ќе се продлабочува затоа што населението брзо старее.

Источноевропските влади се меѓу најжестоките противници на плановите за распределба на бегалците низ ЕУ. Полјаците и Чесите им се приклучуваат на Унгарците во одбивањето да примат мигранти, кои често се млади и образовани луѓе. Тоа е во расчекор со економската логика.

Истражувањето на консултантската фирма МенпауерГруп заклучува дека две од пет фирми во Полска тешко ги пополнуваат слободните работни позиции. И половината претпријатија во Унгарија не успеваат да го најдат потребниот персонал. Во Чешка и Словачка, за тешкотии зборуваат помалку работодавачи (18 и 28 проценти), но тие бројки постојано растат во поледниве две години.

Високотехнолошките компании кои насекаде низ Европа преживуваат криза, се најпогодени со оваа ситуација. Нивните вработени се примамени од западна Европа и Америка и од шансата за повискоки плати. Полска може и да процвета како бек офис за европските бизниси, но во 2014 година во земјата имало потреба од уште 50,000 ИТ специјалисти кои не успеале да ги обезбедат. ИТ секторот во Словачка, во кои работат 50,000 луѓе, може да прими уште 10,000 специјалисти, ако имаше такви. „Образовниот систем успешно произведува научници, но не и програмери“, вели Радован Дурана, економист од братиславскиот Инсититут за економија и социологија. Во Унгарија, пак,

Особено голем недостиг има на инженери. Иако Будимпешта е поевтин град од Берлин, многу вискообразовани се селат во Германија, каде платите се за 150 проценти повисоки.

Досега недостигот од квалификувани работници не го сопрел растот на националните економии. Полска и Унгарија очекуваат економски раст од околу 2,8-3,3 проценти, за оваа година. Но тоа може да биде и многу повеќе. БДП по глава на жител во 2014 година беше нешто помал од 68 проценти од просекот во ЕУ. Дефицитот на работна рака го зголемува и дефицитот во областа на пензиите и отвара дупки во државните финансии.

Многу источни земји не успеваат да го искористат значајниот потенцијал кои им се нуди. Словачка произведува речиси еден милион автомобили годишно, најмногу по глава на жител во светот. Во август, Јагуар Ленд Ровер ги објави плановите до 2018 година да отвори своја фабрика крај словачкито град Нитра, прва во континенталниот дел од Европа, во вредност од 1,4 милијарди евра. Локалните подизведувачи би требало најмногу да искористат од тоа, но истражување на консултантската фирма ПвЦ заклучува дека скоро 80 проценти од нив не располагаат со квалифицирана работна рака.

И состојбата во јавниот сектор не е подобра. Во Полска на илјада жители има пет медициснки сестри (додека во Германија тој изнесува 13). Од нив само еден процент се на возраст под 25 години, а 29 отсто се очекува да се пензионираат до 2020 година. Средната возраст кај лекарите специјалисти е 55 години. Мачеј Хаманкевич, претседател на Вишиот медицински совет, предупредува дека пациентите може да не добијат адекватна медицинска грижа.

Во Унгарија кризата во системот на здравството е уште посериозна. Околу 40 проценти од лекарите се над 60-годишници, а во повеќе од 200 лекарски ординации, главно во посиромашните источни и северни реони, воопшто и нема лекари. Во болницата Алмаши Балог Пал, во градот Озд, 55 лекари работат деноноќно опслужувајќи население од 80,000 жители. Директорот на болницата вели дека на објавите за слободни работни места никој не се пријавува.

Да бидеме реални

Наивен оптимизам е да се очекува бегалци од далечни земји веднаш да ги пополнат местата како квалификуван персонал. Надежните податоци за познавањата и обученоста на мигрантите се оскудни. Но постојат доволно факти дека сиријците – единствената голема група од оние кои пристигнуваат, се носители на добро образование. Многу сиријци лекари учеле во Советскиот сојуз и добро го зборуваат рускиот јазик. За само неколку минути, на една будимпештанска железничка станица, допинсикот на Економист налетал на машински инженер, инженер агроном и учител по физика, а сите тие добро зборувале англиски јазик.

Има многу работни места за пониско квалификувани бегалци. Според полското Министерство за труд, има голем недостиг на работници во селското стопанство и во градежничтвото. Унгарското министерство за труд, пак, соопштува дека се бараат дрводелци, продавачи-консултанти, градинари и пекари. Полска веќе „увезе“ десетици илади сезонски работници од соседна Украина.

Имајќи го предвид стареењето на населението, работната сила ќе продолжи да се намалува. Во Унгарија раѓањата опаѓаат, а животниот век се скусува. Многу од младите луѓе имигрираат. Според прогнозите, до 2035 година населението на Унгарија ќе опадне за 8 проценти, додека Полска ја чека пад од шест проценти. Овие бројки не го одразуваат реално проблемот затоа што официјалните прогнози се базираат на луѓето кои се регистрирани при пописот како постојано население, иако многумина живеат во странство и веројатно нема да се вратат.

Некои источноевропски високи претставници тврдат дека можат да ги пополнат недостатоците, со привлекување на работници од соседните држави, со култура поблиска  до нивната, како Бугарија и Романија, кои се членки на ЕУ, но се уште не се дел од Шенген зоната за слободно движење. Но тоа исто може да е само голема желба. Бугарите и Романците веќе можат слободно да се движат низ Европа, само со покажување на пасошите, а малкумина се насочуваат кон земјите од поранешниот Варшавски договор. Во меѓувреме, наслението и во двете земји брзо застарува.

На Балканот платите често се пониски отколку на север и можноста за работа во Полска и Унгарија може да изгледа привлечна. Но и населението во земјите од поранешна Југославија старее и се намалува. Многу од младите луѓе веќе си заминале. Во 1991 година, населнеито на Босна и Херцеговина броело 4,4 милиони, но сега е едвај 3,8 милиони, а до 2050 година ОН предвидува тоа да се намали за една петтина – до 3,1 милиони луѓе.

Критричарите на емиграцијата се во право дека прифаќањето на странци од земји со чуден јазик и нестабилни општествени услуги е тешко. Но користа е очигледна. „Полска не може да се надева да го следи западот ако не го отвори својот пазар на труд за странски работници“, вели Марчин Пинтковски, економист од Светска банка.

Би можело да ве интересира

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски

УНХЦР: Во 2022 година 100 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови

Стотици сириски бегалци кои живееја во Либан се вратија во нивните домови

А1он

Чешка и Полска бараат украинските бегалци да почнат сами да се грижат за себе

А1он