Нуклеарната регулаторна агенција на Јапонија денеска го крена на „ниво 3“ степенот на опасност во регионот на нуклеарнате централа Фукушима поради истекувањето на контаминирана вода.
Кога на 19 август годинава од нуклеарката истекоа 300.000 литри контаминирана вода, инцидентот беше класифициран како „ниво 1“ на меѓународната скала, односно како „благ инцидент“ или „аномалија“. Денешното ниво е кренато до „сериозен инцидент“, по консултации со експерти од Меѓународната агенција за атомска енергија.
Меѓународната скала за проценка на тежината на инцидентите е формирана заради информирање на домашната и меѓународната јавност. Хаваријата што се случи во Фукушима во март 2011 година беше категоризирана како „ниво 7“, исто како и хаваријата во Чернобил во 1986 година.