Истекува примирјето, а Ердоган повторно предупредува

Од:

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган изјави дека околу 1.300 курдски борци од Сирија треба да ја напуштат областа во североисточна Сирија додека истекуваат последните часа од петдневниот договор за прекин на огнот.

Ердоган пред да замине во Русија, каде ќе се сретне со својот руски колега Владимир Путин, изјави дека 800 курдски борци ја напуштиле областа и повторно предупреди дека ќе продолжи воената офанзива со „зголемена одлучност“ ако курдски борци не заминат до истекот на рокот во 22 часот по локално време.

Анкара и Вашингтон на 17 октомври договорија петдневно примирје во североисточниот дел на Сирија, со цел да им се овозможи на припадниците на курдските Единици за заштита на народот да се повлечат од „безбедносната зона“, што Турција сака да ја воспостави во пограничното подрачје. Според договор Курдите треба да се повлечат 32 километри од границата со Турција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години