Истече радиоактивна содржина од пакети на аеодромот во Њу Делхи

Од:

Обезбедувањето на меѓународниот аеродром во Њу Делхи блокираше денеска дел од аеродромот по дојавата дека меѓу багажот се наоѓаат пакети со радиоактивна содржина, која истекува, соопшти полицијата. 

– Петнаесет кутии, во кои е спакуван нуклеарен материјал се изолирани, за да се утврди дали содржината протекла, откако кутиите биле натоварени во авион на Ер Франс, изјави началникот на Секторот за безбедност на аеродромот во Њу Делхи, Сања Бахтиа. 

Таа додаде дека товарот стигнал од Франција, аеродромските власти го забележале истекувањето и ги информирале надлежните. 

– Ситуацијата е под контрола. Го исчистивме просторот за багаж и доведовме ескперти од Регулаторниот одбор за атомска енергија за да го испитаат материјалот, истакна Бахтија. 
Пратаката била наменета за биомедицински компании во Њу Делхи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати