Истече мандатот на мисијата на ОН во Сирија

Од:

На полноќ и официјално истече а мандатот на набљудувачката мисија на ОН во Сирија, која беше воспоставена во април.

Мандатот на мисијата за набљудување на прекинот на огнот во Сирија, каде немирите траат 17 месеци, е продолжен на 21 јули за уште 30 дена.

Тим од 300 монитори беа распоредени во Сирија. Нивна улога беше да го набљудваат прекинот на огнот меѓу бунтовниците и владата, за што беше постигнат договор како дел од мировниот план на Кофи Анан, но вистина тоа никогаш не се одржа.

Мисијата сега ќе биде заменета од координационото биро на Обединетите нации со канцеларија во Дамаск. ОН добиле поддршка од Западот, Русија и Кина за свој нов претставник на Сирија, да биде алжирскиот дипломат Лахдар Брахими кој на тоа место го замени Кофи Анан.

Наследникот на Анан,Брахими изјави дека негова улога не е да превенира цивилна војна , туку да стави крај на една таква војна.Околу 20 000 луѓе загинаа за време на анти владините протести во Сирија.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад