Исмевањето е оружје кое треба да се насочува против богатите, а не против маргинализираните и обесправените

Од:

Индепендент – Лондон

Непосредно по атентатите во Лондон на 7 јули 2005 година, имав предавање и еден од слушателите стигна со задоцнување. Бил нападнат од скинхедси кои извикувале исламофобски слогани и го прскале со боја, завршувајќи со „Оди со дома, Паки“ (погрдно име за Пакистанец). Тој беше кокни (локален лондончанин) и атеист, но во интерес на вистината во тоа време беше со доста темен тен, кое при тогашните состојби (медиумско насочената омраза кон секој „кој изгледа како странец“) беше неразумно.

Убиствата во Париз беа варварски и сочувствувам со блиските на жртвите. Но должни сме критички да ги осудуваме општествените случувања на соодветен начин. Хероизирањето на карикатурите во Шарло Ебдо ја занемарува улогата која весникот можеби ја изиграл за засилување на ксенофобијата во Франција. Парадоксално, но тоа издание придонесе за затскривање на дебатите и не го признава фактот што слободата на говорот си има своја цена.

Како човек верувам дека перото е посилно од мечот и работам со ефикасни карактеристики на сатирата, а исто и ги почитувам (етичките) правила сврзани со ова занимање. Исмевањето како начин да се натераат супериорните да се видат во огледалото на сатирата е легитимно и ја засилува демократијата. Но ако тоа огледало се пика под носот на маргинализираните и обесправени малцинства, тоа претставува жесток раздор и неговите подржувачи се закануваат на демократските принципи за кои тврдат дека самите ги бранат.

Не ги прифаќам коментарите дека убиствата во Париз биле напад врз слободата на говорот. Напротив, бруталните трагични убиства, според мене, беа доказ за едно општество во кое „слободата“ на зборот се прифаќа како привилегија која им е дадена само на оние кои можат да си дозволат да ја купат. Во Франција има пет милиони муслимани – повеќе отколку во било која друга европска држава (освен во Турција), но тие забележливо отсуствуваат од законодавните органи и од медиумите.

За разлика од тоа, 60 проценти од затворениците во земјата се муслимани од сиромашните предградија, каде невработеноста меѓу младите е околу 40 проценти (париските убијци, браќата Саид и Шериф Куаши, од мали останале сираци и се издржувале со некалификувана работа, правеле ситни престапи и минувале во затворите каде мнозината муслимани се радикализираат).

Додадете ја кон тоа и победата на крајната десница во Франција и секојдневните напади врз емгранти, муслимани и темнокожи, и сето тоа широко се распостранува од медиумите и се потхранува омразата меѓу различните заедници. Мантрата на Франција за „слобода, еднаквост, братство“, како и за слободата на говорот, се покажа како лага.

Кога ги критикував првите карикатури во Шарли Ебдо во кои исламот беше прикажан како синоним за тероризам, изданието се бранеше од обвиненијата со „политичка коректност“ затоа што е срамно да се избегнуваат „форми на изразување кои се сфаќаат како исклучувачки, маргинализирачки и против сиромашни групи на луѓе кои се во ситуација на социјална нерамноправност или пак се објекти на дискриминација“ што е во голема мера заборавеното значење на самиот термин. Искрено е медиумите да го заштитуваат своето право на слобода на говорот кое се применува еднострано и да критикуваат едно сфаќање кое може да ги направи социјално неприменливи нивните неоправдани напади над слабите и безгласните.

Убиците од Париз, слично на оние кои брутално го убија Лиј Ригби во Велика Британија, беа психички неурамнотежени, болни луѓе. Тие се онолку претставници на исламот колку што сум и јас – на католицизмот.

Освен нерамномерното расфрлање со „слободата на говорот’ и со економските ресурси, постои и друг фактор. Надворешната политика која ги решава тензиите во странство веднаш ќе си насити. Нема подобро оправдание за тероризмот од страдањето на невини цивили. Знаеме од историјата дека ако ги потлачуваме луѓето и ги лишуваме од правото на самоопределување, ако ги тормозиме и ги лишуваме од достап до правда, тие ќе одговорат со удар. Иако убиствата во Париз се ужасни и неоправдани, помислете и на илјадниците невини муслимани во Ирак, Палестина, Дарфур и во Авганистан, на пример, кои гледале како умирале нивни блиски, но кои никогаш нема да добијат правда.

Едно поколение млади муслимани од цела Европа е исправено пред перспективата на долгорочна безработица, маргинализација и гнев. Нерамномерноста и неправдата во такви ситуации се рецепт за социјални немири. Терористите ја пополнуваат празнотијата во сфаќањата на некои најнезадоволни млади луѓе, и таа празнотија е предизвикана од еден свет кој ги претставува претстапниците во костуми, но ги лишува нашите млади луѓе од инвестиции, згрижувања и секаква друга надеж за иднината. Ако немаш ништо, тогаш нема ни што да загубиш. 

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски