Исландскиот Врховен суд на „Виза“ и „МастерКард“ им нареди да го обноват прифаќањето прилози за Викиликс

Од:

Врховниот суд на Исланд му нареди на исландскиот партнер на американските гиганти за платежни картички „Виза“ и „МастерКард“ да го повлечат блокирањето на прилозите за интернет сајтот Викиликс, пренесоа светските агенции.

Одлуката на пониската судска инстанца беше донесена уште во јули минатата година и сега Врховниот суд ја потврди.

Исландското друштво „Валитор“ има рок од 15 дена за да го обнови прифаќањето прилози за Викиликс, а во спротивен случај ќе мора да плаќа казна од по 800.000 круни (5.200 евра) дневно.

„Виза“ и „МастерКард“ го блокираа прифаќањето прилози за Викиликс, откако сајтот на Џулиан Асанж ги објави доверливите документи за војните во Ирак и Авганистан и тајните американски дипломатски депеши.

Би можело да ве интересира

Се очекува одлука за евентуално екстрадирање на Асанж во САД

Ана Ололовска

Судското рочиште за екстрадирање на Асанж ќе биде во два дела

Ана Ололовска

Репортери без граници бараат ослободување на Асанж

Татјана Ташкова

Асанж останува во затвор за „повторно да не избега“

Ана Ололовска

Данкан: Асанж нема да биде екстрадиран во земја каде му се заканува смртна казна

Ана Ололовска

ВИДЕО: Викиликс објави снимка за која тврди е доказ за лажното слетување на Месечината

Ана Ололовска