Исламистички бунтовници го оставија цел Јемен без струја

Од:

Серија напади врз далноводи го оставија цел Јемен без струја. Министерството за електростопанство на арапската држава соопшти дека бунтовниците ги нападнале далноводите покрај патот, што ја поврзува престолнината Сана со Мариб.

Тоа довело до неодложно запирање на струјата во понеделникот утрото во целата 23-милионска држава.

Јемен неколку пати во последните години останувал без струја. Затоа многу станбени и стопански објекти во земјата се снабдија со генератори на дизел. Овој пат исламистите нападнаа и многу цистерни кои ги снабдуваат бензиските пумпи со гориво.

Јемен десетина години се бори со исламистички бунтовници, кои се поврзани со терористичката мрежа Ал каеда.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен