Исламисти ја зазедоа границата меѓу Сирија и Јордан

Од:

Бунтовниците поврзани со сирискиот огранок на Ал Каеда го зазедоа последниот граничен пункт на границата со Јордан, кој го контролираше режимот во Дамаск, изјавија активисти од Сирискиот центар за набљудување на човековите права.

– Вооружените групи, кон кои се приклучи Фројнтот Ал Нусра, огранок на Ал Каеда го презедоа пунктот Насиб од режимските војници, на сириската страна на границата, изјави директорот на Центарот Рами Абдел Рахман.

Тој додаде дека војниците се повлекле, така што долж целата граница со Јордан повеќе нема сириски војници.

Владата на Јордан претходно соопшти дека ги затворила граничните премини од своја страна, како за патници, така и за пренос на стока.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад