Исламисти и се закануваат на Меркел со напади во Берлин

Од:

Германски исламисти се заканија во видео порака на Интернет, дека ова лето ќе извршат напади во Берлин и ќе ја убијат канцеларката Ангела Меркел, пренесоа германските медиуми.

Портпаролот на германската разузнавачка служба потврди дека нејзините агенти ја виделе оваа снимка.

Весникот „Ди велт“ пишува дека на триминутната снимка се појавува исламист кој се претставил како Абу Азам. Се верува дека тој е радикален Салафист кој се доселил од Египет минатата година.

„Додека се сеќаваме на „арапската пролет“, едвај го чекаме, „европското лето“. Осама, почекај не. Сакаме да ги видиме Обама и Меркел мртви“, рече човекот на снимката.

Германските власти го засилија надгледувањето врз салафистичките групи кои се карактеризираат со радикално толкување на исламот. Во Германија живеат околу 4.000 салафисти, додека вкупното муслиманско население е околу четири милиони луѓе.

Учеството на Германија во мисијата на НАТО во Авганистан и ангажирањето на воените транспортни авиони за помош на француските и Малиските трупи во борбата против исламистите, се причините за страв од напади на германска почва.

Би можело да ве интересира

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени

АфД ја именуваше Алиса Вајдел за свој кандидат за канцелар на претстојните избори

Протести против АфД во Германија, полицијата употреби солзавец против демонстрантите